Нацрт верзијата на Концепцијата за основно образование беше изработена од експертска група формирана од страна на Бирото за развој на образованието која ја сочинуваа советници од самата институција, наставници од основните училишта и универзитетски професори. Потоа истата беше предмет на јавна дебата која траеше речиси 2 месеци, а се заокружи со целодневна дискусија во Собранието на Република Северна Македонија по што беше усвоена конечната верзија на овој стратешки документ.
Концепцијата подразбира целосно нов образовен модел на едукација преку кој секое дете ќе може да го достигне својот полн потенцијал. Училиштето ќе стане интересно место за младите. Со планот за промени стануваат достапни содржини кои многу родители во моментов ги плаќаат за нивните деца да ги изучуваат после часовите. Ќе го надоместиме оној јаз во времето поминато на училиште од страна на нашите ученици и останатите во Европа, кое изнесува околу 900 часови разлика во текот на целата едукација до полнолетство. Документот е достапен на следниот линк.
- верзија на македонски јазик
- верзија на албански јазик
- верзија на турски јазик
- верзија на босански јазик
- верзија на српски јазик
- верзија на англиски јазик
Презентации од обуката на наставниците за Концепцијата за основно образование